1 Јуни „Ден на згрижувачките семејства“
По повод 1 Јуни „Денот на згрижувачките семејства“, а во рамките на ЛАП за деца со посебни потреби, О.О. Црвен крст Прилеп во соработка со Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“, организираа еднодневна работилница која медиумски беше поддржана од локалните електронски гласила.
Едукатор на оваа работилница беше психолог Јованчо Велески од општа болница „Борка Талески“ од Прилеп со две теми и тоа: „Стрес кај адоптирани деца“ и „Грижа на дете во згрижувачко семејство“.Активните слушатели (родители на деца со посебни потреби од Центарот и згрижувачи од општина Прилеп) партиципираа со своите размислиувања и размена на искуства од секојдневниот живот. На работилницата интерактивно учество зедоа и волонтерите на О.О. Црвен крст, претставник од донаторот Комерцијална банка, како и директорот на МЦСР Прилеп.Во континуитет продолжуваат проектните активности предвидени според ЛАП.