
мај 12, 2021
100 пакети за социјално-загрозени семејства по повод Рамазан Бајрам
По повод празникот Рамазан Бајрам, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар обезбеди 100 пакети со храна за социјално-загрозени семејства од муслиманска вероисповед. Пакетите беа дистрибуирани до семејствата на ден 12.05.2021.
Нека им е честит празникот Рамазан Бајрам на сите лица од муслиманска вероисповед кои сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови – милост, бериќет и проштевање.