
октомври 10, 2023
10ти Октомври – Светски ден на ментално здравје
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Општинска организација Кисела Вода организираше панел дискусија на тема „Важноста на менталното здравје во заедницата“ по повод 10ти Октомври – Светскиот ден на менталното здравје.
Говорниците на трибината, кои беа во состав општ доктор, социолог и дефектолог, дискутираа на темата, со акцент на зачувување на менталното здравје кај младата популација, со оглед на тоа што целна група на дискусијата беа ученици од основни и средни училишта.
За време на трибината беше проектирано видео изработено од страна на Центарот за ментално здравје и психо-социјална поддршка на ЦКРСМ, а по него продолжи дискусија на темата.
Групата беше активна, разговараше на темата и споделуваше искуства. Дел од учесниците споделија искуства од нивни соученици, а дел споделија сопствени искуства.
Учесниците се изјаснија дека се задоволни од дискусијата и сметаат дека истата е потребна да се реализира постојано во училиштата со цел да можат младите луѓе да бидат посвесни и повеќе запознаени со менталното здравје и важноста за негово негување.
Настанот се одвиваше во времетраење од 1 час, со почеток во 12 часот во ДХО „Даре Џамбаз“ – сала 1.



