150 години хуманитарна акција
По повод 150 години од основањето на Црвен крст и Црвена полумесечина, 187 Национални друштва го прославуваат 8 Мај-Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина и Светската недела 08-15 Мај. Општинската организација на Црвен крст Прилеп реализираше низа активности со цел одбележување на Светската недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Волонтерите излегоа на терен и дистрибуираа флаери со превентивно-едукативна содржина која ги опфаќа сите дејности на кои работи Црвениот крст.
Флаерите беа дистрибуирани во центарот на градот на најфреквентните места и кафулињата во градот така што беше опфатен голем дел на граѓани од најразлична возраст. Делегација на Општинската организација на Црвен крст Прилеп положи свежо цвеќе на бистата на основачот на Црвениот крст Жан Анри Динан, но не изостана и медиумската промоција на Црвениот крст на локалната ТВ Канал Визија и локалниот весник Зенит. Широкиот спектар на активности ги одбележаа 150-те години на хуманитарна акција на најстарата хуманитарна организација – Црвениот крст и Црвената полумесечина.