
17 Март, Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството
По повод Денот на формирањето на Црвен крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството, кој се одбележува секоја година на 17ти март, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар на ден 19.03.2024 година организираше свечен настан во просториите на Музејот на холокаустот.
На настанот присутни беа, д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на РСМ, г. Ивица Бошков, Претседател на Црвен Крст на РСМ – Општинска организација Центар, г. Горан Герасимовски, Градоначалник на Општина Центар, г. Марко Карбини, Аташе, ЕУ Делегација во Скопје како и претставници од институции, компании на територија на Општина Центар, крводарители и волонтери од Клубот на млади при Општинска организација Центар.
Свое обраќање пред присутните имаа Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ, Градоначалникот на Општина Центар и Претседателот на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар кои воедно доделија признанија и благодарници на следниве институции, компании и личностите кои дале особен придонес за развој на крводарителството:
- Делегација на ЕУ во Република Северна Македонија;
- Стопанска банка АД Скопје;
- НЛБ банка АД Скопје;
- Шпарскасе банка;
- Уника Осигурителна компанија;
- АД Макпетрол;
- ЈП Комунална хигиена Скопје,
- Македонски телеком;
- Агенција за катастар и недвижности;
- Комерцијална банка АД Скопје;
- Средно медицинско училиште на град Скопје “Панче Караѓозов“;
- Миле Петковски – 100 крводарувања;
- Светлана Станковиќ – 50 крводарувања;
- Јадранка Ставревска – 25 крводарувања;
- Александар Блажевски – 25 крводарувања;
- Симеон Ангелов – 10 крводарувања;
- Антонио Атанасовски – 10 крводарувања;
- Билјана Велјановска – 10 крводарувања;
- Ивана Корталовска – 10 крводарувања;
- Иса Мемиши – 10 крводарувања.
