17 МАРТ- Денот на крводарителството
Од плејадата на хуманисти кои постојано ја помагаат работата на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, посебен пиетет и почит заслужуваат крводарителите.
По повод одбележувањето на 17 март „Денот на крводарителството „ и оваа година свечениот прием за јубилејните крводарители со 10 дарувања го изврши Директорот на градската болница „ Борка Талески”, додека за крводарителите со јубилејни 25, 50 и 75 дарувања, приемот го изврши Градоначалникот на општина Прилеп . Со доделување на благодарниците и јубилејните значки и подароци Градоначалникот г-дин Марјан Ристески со посебно задоволство уште еднаш му изрази благодарност на сите крводарители.
Општинската организација на Црвен крст Прилеп оваа година на 17 март го прослави и 65 годишниот јубилеј од постоењето на Црвениот крст на Република Македонија. Бидејќи реализацијата и успешноста на целокупните програмски активности на организацијата зависи од поддршката на јавноста како волонтерска, така и донаторска, Извршниот одбор на општинската организација на Црвен крст Прилеп на свечен коктел изрази посебна благодарност до сите поддржувачи на неговата работа и за прв пат додели благодарница за опшествена одговорност. Овогодинешната благодарница ја доби фирмата „КОМФИ АНГЕЛ”, при што задоволството беше обострано и објективизирано во интервју за локалните медиуми. Директорот на фирмата, во интервјуто истакна дека и во иднина ќе биде поддржувач на работата на Општинската организација на Црвен крст Прилеп, односно ова претставува само уште еден мотив повеќе за понатамошна обострана континуирана сотработка.
Целокупната манифестација беше под покровителство на Градоначалникот на општина Прилеп.