
март 17, 2022
17 Март – повод за доделување признанија
Денот на формирањето на Црвениот крст на РСМ и Денот на крводарителството во Република Северна Македонија, беше повод да се реализира заеднички настан на Општинската организација Центар и Општина Центар. Во салата на Советот на Општина Центар беа доделени признанија на истакнати поединци и компании за нивните успеси на планот на крводарувањето.
Секретарот на Општина Центар, г-дин Георги Трајчев ги додели признанијата и го потенцираше значењето на партнерската соработка на Црвениот крст и општината, особено во програмски активности кои значат намалување на ранливоста на посебни целни групи кои живеат на територија на Општина Центар. Искрено се заблагодари и им го честиташе празникот на сите крводарители, за кои потенцираше дека се работи за исклучително хумани луѓе кои ја даруваат својата крв за да спасат нечиј живот.




