март 16, 2023

17 март – повод за повторна средба со Градоначалникот на Општина Центар

Како резултат на континуирано успешната соработка со Општина Центар, повод за нова средба со Градоначалникот Горан Герасимовски беше одбележувањето на 17 Март – Денот на формирањето на Црвениот крст на Република Северна Македонија и Денот на крводарителството во РСМ.
Со големо задоволство Градоначалникот ги додели признанијата на 14 крводарители со најголем број на дарувања кои ги оствариле заклучно со изминатата 2022 година, како претставници на хуманото семејство на крводарители од општина Центар, во кое и самиот тој се придружи од неодамна.
Претседателот на Црвен крст на РСМ-Општинска организација Центар, Ивица Бошков ги презентираше резултатите на планот на крводарувањето на Општинската организација Центар во текот на 2022 година, на кои сме особено горди, а на присутните крводарители од името на Општинската организација Центар им подари слика од уметникот Живко Поповски – Цветин, првиот Претседател на Црвен крст на РСМ.
 
< врати се назад