октомври 21, 2021

18 Октомври – Европски ден на борба против трговијата со луѓе.

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18-ти октомври го одбележува Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе.
Општинска организација Центар на ден 20.10.2021 реализираше две едукации во ПСУ „Алгоритам Центар“ во периодот од 11 до 13:30 часот. Целта на едукациите е подигнување на свеста кај младите, што подразбира трговијата со луѓе, начините на превенција и колку е застапена во секојдневното живеење. На едукациите учествуваа 34 ученици од втора година и истите беа реализирани од страна на двајца врснички едукатори.
 
< врати се назад