октомври 26, 2022

18 Октомври – Европски ден на борбата против трговијата со луѓе

Црвениот крст на Република Северна Македонија на 18-ти октомври го одбележува “Европскиот ден на борбата против трговијата со луѓе“, по тој повод, Општинска организација Центар на ден 20.10.2022 реализираше работилница во периодот од 19 до 21 часот во просториите на ДХО „Даре Џамбаз“ за волонтерите од Клубот на млади.
Работилницата се состоеше од два дела: првиот дел беше едукација за подигнување на свеста кај младите, што претставува трговијата со луѓе, начините на превенција и колку е застапена во секојдневното живеење. Во вториот дел, волонтерите се групираа и започнаа со играње на друштвените игри на тема „Борба против трговија со луѓе“. Играта задава различни задачи за кои треба да одлучат на кој начин ќе реагираат во дадена ситуација, со цел да избегнат несакани случувања.
 
 
< врати се назад