
август 27, 2020
18-та ТРАДИЦИОНАЛНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА „МАЛ ГЕСТ, ОГРОМЕН ПОДАРОК“
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, Ве поканува на XVIII-та по ред традиционална крводарителската акција по повод празникот “Голема Богородица” под мотото:
“МАЛ ГЕСТ, ОГРОМЕН ПОДАРОК“.
Со оглед на ситуацијата со пандемијата на COVID-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца.
Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска.
Ден: 28.08.2020 (петок)
Време: 09:00 – 17:00
Место: ДОМ НА АРСМ
Ве очекуваме во голем број!












































