август 31, 2020

18-та традиционална крводарителска акција „МАЛ ГЕСТ, ОГРОМЕН ПОДАРОК“ по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, денес успешно реализираше 18-та по ред традиционална крводарителска акција под мотото “МАЛ ГЕСТ, ОГРОМЕН ПОДАРОК” која се организира секоја година на големиот христијански празник “Успение на Пресвета Богородица”.
 
 
Акцијата се реализираше во текот на денешниот ден, 28.08.2020 во Дом на АРСМ, во периодот од 9 до 17 часот.
 
Оваа година на акцијата се спроведоа посебни протоколи согласно препораките од Влада на РСМ, односно соодветна заштитна опрема за волонтерите од Црвениот крст, тимот од ИТМ и крводарителите, одржување растојание како и постојана дезинфекција.
 
 
Собрани се вкупно 145 крвни единици, што е доказ дека Скопјани и во време на пандемија повторно ја покажаа својата хуманост.
 
Акцијата помина во одличен ред! Ви благодариме на сите кои дојдовте да дарувате и да спасите нечиј живот!
 
    
< врати се назад