август 29, 2022

20 години хумана традиција – јубилејна крводарителска акција по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, по јубилеен 20-ти пат ја реализираше традиционалната крводарителска акција по повод празникот “Успение на Пресвета Богородица“ во Домот на АРСМ. Акцијата се одржа на 28ми август, од 9 до 17 часот.
Оваа крводарителска акција има долга традиција со голем одѕив од страна на скопјани, кои веќе 20 години ја потврдуваат својата хуманост. Кога за првпат беше организирана акцијата пред 20 години, бројката на крводарители беше 146, додека, како резултат на нејзината традиција и препознатливост, по 20 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4319 единици крв, или во просек 216 крводарители по акција.
На овогодинешната акција, 117 граѓани даруваа крв што повторно ја докажува нивната хуманост, а за време на акцијата, како поддршка се вклучија 20 волонтери од Клубот на млади за нејзина беспрекорна реализација.
Дарувај крв, спаси живот.
 
< врати се назад