
август 24, 2022
20 години хуманост на дело – јубилејна крводарителска акција
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на РСМ, по повод празникот *Успение на Пресвета Богородица* на 28.08.2022 година, традиционално по 20-ти пат организира крводарителска акција.
Крводарителската акција ќе се одржи во Домот на Армијата на Република Северна Македонија, од 09.00 до 17.00 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 19 години ги покажува резултатите на големата хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 дарувања во 2003-та година, денеска по 19 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4186 единици крв, или во просек 210 крводарители по акција.
Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овојпат својата хуманост.
