
август 28, 2024
22- ра Традиционална крводарителска акција
Во текот на денешниот ден Црвен крст на РСМ – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ја организираше 22 -та традиционална крводарителска акција во чест на празникот Успение на Пресвета Богородица.
На денешната акција беа дарувани 166 крвни единици.![]()
Граѓаните на Скопје уште еднаш ја покажаа својата хуманост и солидарност на дело.![]()
Акцијата помина во позитивна и релаксирана атмосфера.
Голема благодарност до сите кои денес беа дел од оваа акција.![]()
Дарувајте крв, дарувајте надеж, дарувајте живот.![]()































































