
август 26, 2025
23 – та Традиционална крводарителска акција
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинската организација Центар и Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија, по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, на 28.08.2025 година, традиционално по дваесет и трети пат организира крводарителска акција.
Крводарителската акција ќе се реализира во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.
Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период.
Оваа акција веќе 23 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.
Ги покануваме граѓаните да ја покажат и овој пат својата хуманост.
Од срце за срце – капка крв што значи живот.
