
март 24, 2025
24 Март – Светски ден на ТБ
Секоја година се одбележува Светскиот ден на туберкулозата (ТБ) 24 ти март со цел подигнување на јавната свест за катастрофалните, здравствени, економски и социјални последици од ТБ и воедно да се интензивираат напорите за ставање крај на глобалната епидемија од ТБ.
Во 1882 година д-р Роберт Кох објавил дека ја открил бактеријата која предизвикува туберкулоза, со што го отворил патот кон дијагностицирање и лекување на оваа болест.
Туберкулозата и понатаму останува смртоносен убиец во светот. Секојдневно над 4000 луѓе го губат животот од ТБ, а близу 30 000 луѓе се разболуваат од оваа болест која може да се превенира и излекува.
ВРЕМЕ Е ЗА АКЦИЈА! ВРЕМЕ Е ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА ТУБЕРКУЛОЗАТА!
