март 25, 2022

24 март – Светски ден на туберкулоза

Согласно препораките на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Црвен крст на Република Северна Македонија под мотото „Инвестирајте за да се стави крај на ТБ. Спасете живот“ се приклучува кон одбележувањето на Светскиот ден на борба против туберкулозата. На овој начин, преку промотивни материјали кои носат јасна порака, сакаме да ја подигнеме јавната свест за важноста на општото здравје, социјалното и економско влијание на туберкулозата (ТБ) и да го поттикнеме забрзувањето на напорите за ставање крај на глобалната епидемија на ТБ.
 
👉 Најдобра превентивна мерка е правилно и навремено лекување на секој болен од туберколоза со што се прекинува ланецот на ширење на инфекцијата.
 
< врати се назад