декември 6, 2010
3 Декември „Светски ден на лицата со посебни потреби“
Општинската организација на Црвен крст Прилеп и оваа година со својот младински потенцијал го одбележа 3 ти Декември “Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби”.
Свој придонес младите од Клубот на млади на Општинската организација на Црвен крст Прилеп дадоа овој пат како слушатели со своето присуство на свечената приредба во Дневниот центар на деца со посебни потреби “Зуница” поминувајќи со нив неколку часа и подарувајќи им скромни подароци кои Општинската организација ги обезбеди по пат на донации од фирмите “Васидора” и “Тритекс”. На свеченоста Општинската организација на Црвен крст Прилеп доби и Благодарница за значаен придонес во остварување на правата на децата со посебни потреби за нивната безгрижност и радост.