
март 24, 2021
3(три) ЗА ТБ – Светски ден на борба против туберкулоза
Секоја година на 24 март Црвениот крст на Република Северна Македонија го одбележува Светскиот ден на борба против туберкулоза со цел да се подигне јавната свест за туберкулозата (ТБ) и да се поттикне акција за конечно ставање крај на ТБ, која претставува глобален здравствен проблем.
Низ целиот свет, 3 лица ги губат животите од ТБ секоја минута. Но, со навремено дејствување, можеме да ставиме крај на оваа болест што може да се спречи и да се лекува. Се придружуваме на светскиот предизвик преку споделување на пораки на социјалните мрежи поврзани со борбата против ТБ со hashtag:
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар го одбележува овој ден преку креативни слики, фотографии и видеа направени од страна на волонтерите од Клубот на млади, од учениците од ООУ “Киро Глигоров“ и од учениците од ООУ “Димитар Миладинов“.




