март 12, 2015

7мо Собрание на Општинска Организација на Црвен крст Центар

Црвен Крст на Република Македонија Општинска Организација Центар на ден 12.03.15 ( четврток ) со почеток во 18:00 часот, го одржа своето по ред 7мо Собрание, кое беше во знакот на одбележувањето на 70 години Црвен Крст на Република Македонија.

Собранието беше предводено од страна на проф. д-р Сунчица Димитријоска, Претседател на Црвен Крст Центар, и на истото беа презентирани резултатите и постигнатите цели во изминатата 2014та година.
Беше истакнат посебниот успех за реализираната кампања *Денот на гладта* , големиот број на едукации и опфатени 1200 ученици на територија на општина Центар за најразлични здравствено-превентивни теми, успешно реализираниот општински натпревар и освоеното прво место на Државниот натпревар по прва помош од страна на екипата од СМУГС *Д-р Панче Караѓозов* која се стекна со право за учество на Европскиот натпревар по прва помош во 2015та година, и секако успешно реализираниот план на полето на крводарителството со реализирани вкупно 4177 крвни единици или во процент 184,3% од планираните 2266 крвни единици.

Свое обраќање имаше и лидерот на Клубот на Млади, Стефанија Димеска, која говореше за постигнатите резултати на клубот и неговите проекти во рамките на општинската организација.

Свечено обраќање имаше и Генералниот Секретар на Црвен Крст на Република Македонија, г-дин. Саит Саити, кој проговори за развојот на општинската организација и нејзиниот допридонес за националното друштво. Во знакот на јубилејот, Генералниот Секретар го додели посебното јубилејно признание *ЈУБИЛЕЕН ЗНАК* на г-дин Слободан Зечевиќ поради својот волонтерски ангажман за општинската организација на Црвен Крст Центар, кој датира уште од далечната 1996та година.

Претседателката на Општинската Организација, во знак на јубилејот 70 години од Црвен Крст на Република Македонија, додели признанија за истакнатите членови,волонтери, партнери и соработници. 
Признанијата беа доделени на :

*Крводарители со најголем број на дарувања остварени заклучно со 2014 година:

1.Г-дин Васе Стојановски со 75 дарувања
2.Г-дин Новчо Цветковски со 75 дарувања
3.Г-дин Милан Ивановски со 75 дарувања
4.Г-дин Влатко Атанасов со 50 дарувања

*Партнери во реализација на активностите на Црвен Крст Центар:

1. Paul and Barbara Nelson, претставници на организацијата *The Church of Jesus Christ of Latter- Day Sainst* за поддршка на проектот *Зошто сум во болница*
2. * Клуб на оратори*, за поддршка на активностите на Црвен Крст Центар
3. Здружение на лица со телесен иннвалидитет на скопје *МОБИЛНОСТ* – за поддршка на активностите на Црвен Крст Центар
4. Центар за социјални иницијативи *НАДЕЖ* – за поддршка на активностите на Црвен Крст Центар

*Основни организации на Црвен Крст кои со своите активности допридонеле во развојот на организацијата:

1. Фонд за здравствено осигурување на РМ
2. Агенција за храна и ветеринарство на РМ
3. Урбана заедница *Кочо Рацин*
4. *Макпетрол* АД – Скопје
5. Комерцијална банка АД – Скопје
6. Филозофски факултет – Скопје

*Средни и основни училишта на територија на општина Центар, за нивната активна вклученост во активностите на Црвен Крст Центар:

1.СУГС *Раде Јовчески Корчагин*
2.СУГС *Јосип Броз Тито*
3. ДМБУЦ *Илија Николовски Луј*
4.СУГС *Методи Митевски Брицо*
5.СМУГС *Д-р Панче Караѓозов*
6. ОУ *Димитар Миладинов*
7. ОУ * Гоце Делчев*
8. ОУ *Коле Неделковски*
9. ОУ *Кирил и Методиј*
10. ОУ *Кочо Рацин*
11. ОУ *11 Октомври*
12. ОУ *Јохан Јанрих Песталоци*

На крајот и најзначајна за нас, беше доделена благодарница на *КЛУБОТ НА МЛАДИ НА ЦРВЕН КРСТ ЦЕНТАР*, за несебичните залагања при реализација на хуманата мисија на Црвениот Крст.

По свеченото завршување на Соранието, присутните се упатија кон коктелот организиран од општинската организација.

Честитки на добитниците и успешното завршена година.
Огромна благодарност до *Клуб на оратори* кои беа водители на ова 7мо Собрание на Црвен Крст Центар и до волонтерите од Клубот на Млади кои се погрижија се да помине во најдобар ред.

Нека ни е честит јубилејот!

< врати се назад