мај 30, 2012
Акција со Алфа банка
По повод одбележувањето на Денот на волонтерството, а во рамките на планот за општествена одговорност на компанијата за реализирање на социјални програми за подобрување на квалитетот на ранливото население во заедниците, Алфа банка за територијата на општина Прилеп обезбеди 20 пакети со прехрамбени производи.
Акцијата започна во 9 и 30 часот во која претставниците на Општинската организација на Црвен крст Прилеп заедно со претставниците од Алфа банка ги поделија пакетите со храна.