
мај 17, 2024
Активности по повод „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ – пролетна акција за чистење и селектирање отпад.
Секој втор викенд од Мај во период од десет години: почнувајќи од 2021 се до 2031 година (од 30-ти до 40-тиот роденден на нашата држава) ја чистиме нашата земја од отпадот на минатото и ја рециклираме во зелена иднина за нас и за генерациите кои доаѓаат.
Општинската организација на Црвен крст Центар беше дел од големата акција “ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ која се спроведува на повеќе места во државата. На 17.05.2024, волонтерите на Општинска организација Центар дејствуваа на подрачјето на Општина Центар, во паркот на Новинарите и долж улицата Св. Кирил и Методиј. На самата акција волонтерите беа активни учесници во собирањето на отпадот, и беа подготвени да укажат прва помош при несакана незгода за време на настанот.





