ноември 2, 2022

Активности по повод Месец на борба против зависности

По повод одбележување на месец ноември – Месец на борба против зависностите, според традиционалниот календар на активности на Црвениот крст, Општинска организација Центар организираше online обука за врснички едукатори за превенција од болести на зависности на ден 01.11.2022 во периодот од 17:30 до 19:30 часот. Обуката ја спроведе тренерот д-р Андриана Марковска, а истата ја следеа 4 волонтери кои се обучени врснички едукатори од Клубот на млади на Општинска организација Центар.
Во текот на целиот месец, едукаторите ќе спроведуваат врснички едукации на оваа тема за учениците од 8мо и 9то одделение во основните училишта на територија на општина Центар.
 
< врати се назад