Активности по повод „Неделата на борба против срцевосадовите заболувања“
Тенденцијата приоритетен здравствен проблем и во иднина да бидат кардиоваскуларните заболувања и прогнозите дека и за 10 години ќе бидат водечка причина за смртност не поттикнува максимално да се ангажираме во реализација на предвидениот планот на активности за превенција од срцево садови заболувања.
Општинската организација на Црвен крст Прилеп и оваа година со типизирани предавања ги опфати сите средни училишта поготово потенцирајќи ги ризик факторите за овие заболувања и како да се избегнат кои се и пороци на младата популација.Реализирани се и две предавања за општа популација и за невладин сектор и за сите заинтересирани обезбедено беше мерење на крвен притисок интерес покажаа околу 30 лица.Знаејќи дека Македонија спаѓа во земјите со низок и среден стандард кај кои предиспонирачките фактори за појава на овие заболувања се доста присутни, Општинската организација на Црвен крст Прилеп ќе се потруди превентивните активности да ги реализира во текот на целата година и во преговори е со здравствена специјалистичка установа да се обезбедат одреден број на дијагностички прегледи за одредена целна група –социјално загрозени лица.