
февруари 1, 2024
Активности за месец јануари со Здружението на пензионери на територија на Општина Центар
Во месец jануари во Здружението на пензионери на територија на Општина Центар се организираше мерење на крвен притисок и гликоза. Вкупно беа опфатени 8 ограноци во 4 термини. Опфатени со мерењето на крвен притисок и гликоза во крвта беа 60 членови на Здружението на пензионери на Општина Центар од кои 23 мажи, и 37 жени со над 65 годишна возраст. Активностите ги реализираа двајца волонтери од ООЦК Центар. Со овие активности продолжуваме и во месец февруари.

