ноември 30, 2010

Активности за месецот на борба против зависности

 

Ноември – Месец на борба против зависности, Општинската организација на Црвен крст Прилеп го одбележа преку широк дијапазон на активности, главно насочени кон превенција и едукација на младите од Општината и дестигматизација на лицата кои што користат дрога. Во рамките на соработката со Полициска станица Прилеп и локалните образовни институции и оваа година (веќе 3 година по ред) продолжуваат во континуитет превентивните предавања во сите класови од прва година при средните училишни центри од општината, ориентирајќи се кон зајакнување на позитивните животни вештини кај младите како да кажат не на пороците, јакнење на самодовербата и донесување правилни животни избори. Остварени се 16 работилници со 600 ученици од прва година, а остана за реализација уште еден училишен центар. Предавањата беа поткрепени со едукативно – пропаганден материјал за борба против зависности изработен од Црвен крст на Р.Македонија.
Во рамките на активностите за дестигматизација и демаргинализација на ЛКД се реализира продажна изложба од експонати изработени во креативните работилници во рамките на ХР Програмата. Оваа изложба беше реализирана со активно учество на младите волонтери на О.О. Црвен крст Прилеп кои дадоа свое несебично учество во подготовките и реализацијата на истата а преку нивното присуство и непосредно во дестигматизацијата на целната група. Изложбата беше масовно посетена од граѓанството.
Сите овие активности беа поткрепени преку медиумска презентација на локални и национални електронски медиуми, кои што преку нивното објективно презентирање на работата на Црвениот крст допринесоа кон реално информирање на општата јавност за проблемите со зависноста и позитивните промени на јавната свест.

Ноември – Месец на борба против зависности, Општинската организација на Црвен крст Прилеп го одбележа преку широк дијапазон на активности, главно насочени кон превенција и едукација на младите од Општината и дестигматизација на лицата кои што користат дрога. Во рамките на соработката со Полициска станица Прилеп и локалните образовни институции и оваа година (веќе 3 година по ред) продолжуваат во континуитет превентивните предавања во сите класови од прва година при средните училишни центри од општината, ориентирајќи се кон зајакнување на позитивните животни вештини кај младите како да кажат не на пороците, јакнење на самодовербата и донесување правилни животни избори.

Остварени се 16 работилници со 600 ученици од прва година, а остана за реализација уште еден училишен центар. Предавањата беа поткрепени со едукативно – пропаганден материјал за борба против зависности изработен од Црвен крст на Р.Македонија.

Во рамките на активностите за дестигматизација и демаргинализација на ЛКД се реализира продажна изложба од експонати изработени во креативните работилници во рамките на ХР Програмата. Оваа изложба беше реализирана со активно учество на младите волонтери на О.О. Црвен крст Прилеп кои дадоа свое несебично учество во подготовките и реализацијата на истата а преку нивното присуство и непосредно во дестигматизацијата на целната група. Изложбата беше масовно посетена од граѓанството. Сите овие активности беа поткрепени преку медиумска презентација на локални и национални електронски медиуми, кои што преку нивното објективно презентирање на работата на Црвениот крст допринесоа кон реално информирање на општата јавност за проблемите со зависноста и позитивните промени на јавната свест.

 

 

< врати се назад