Активности за ресоцијализација
Црвениот крст на Република Македонија во рамките на својата Програма за работа и Стратегија се обврзува за адвокативност кон имплементирање на човековите права, ресоцијализација и социјална реинтеграција, посебно во однос на ранливата популација која што е исклучена, маргинализирана од општествените текови. Таква високо вулнерабилна и стигматизирана група е и целната група на ХР програмата – лицата кои што употребуваат дрога.
Со цел нејзино социјално реинтегрирање и ресоцијализација, а поттикнување на чувството на заедништво кај истата и самодовербата веќе неколку месеци во рамките на ХР програмата во О.О. Црвен крст Прилеп и Велес функционираат креативни работилници со лица кои што употребувале дрога – веќе стабилизирани.
На традиционалниот 8 Пиво фест Прилеп, О.О. Црвен крст Прилеп ги презентираше своите активности, меѓу другото и преку продажниот добротворен штанд (колекција на изработен накит – продукти од креативните работилници) и дистрибуција на едукативно пропаганден материјал кај посетителите на Пивофест. И овој пат се покажа дека имаме општа поддршка од пошироката јавност во рамките на ХР програмата, имено сите продукти од штандот беа продадени (собрани се 3000 денари) што не поттикна на понатамошен ентузијазам и мотивација за работа (и нас како тим и лицата кои што беа вклучени во овие работилници).На штандот покрај ЛКД учествуваа и тимот на ХР и млади од Клубот на млади при О.О. (посебно во делот за дистрибуција на материјали).
Тоа заедништво беше широко прифатено од директните учесници во оваа активност. Собраните средства според барањето на учесниците од креативната работилница се наменуваат за друга ранлива популација, на тој начин ЛКД всушност ја презентираат својата потреба да помагаат на другите, а со тоа индиректно да ја зголемат својата самодоверба, самопочит и себеценење.
Овие активности овозможуваат Црвен крст директно да влијае врз јавното мислење, дестигматизацијата и презентирање на личните позитивни креативни способности на ЛКД кон пошироката заедница. Сето ова ни даде поттик за понатамошно реализирање на континуирани активности од областа на ресоцијализација и реинтеграција преку промовирање на личните капацитети на вулнерабилните групи.