март 1, 2023

Баба Марта дојде во „Пролет“

Во симбол на црвената боја која означува живот и белата боја која означува чистота и среќа, на ден 01.03.2023 во просториите на Дневен центар за лица со интелектуална попреченост над 18 години на ЦКГС „Пролет” реализиравме првомартовска дружба помеѓу корисниците и волонтерите од Општинска организација Центар. Се забавувавме, плетевме, се дружевме, пеевме, боевме и уживавме во пријатното друштво.

 

< врати се назад