декември 23, 2022

Бебешки кенгури за новороденчиња од Центар

На врачувањето 97 решенија за новороденчиња од семејства кои живеат на територија на општина Центар, кој е во организација на Општина Центар, се вклучи и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар.

На нивните родители, покрај решенијата во вредност од 7000 денари еднократна помош од Општина Центар, им беа врачени и сет подароци од Еурофарм аптеки, HiPP Macedonia, Weleda и педијатриски услуги од ZAN MITREV CLINIC, а Општинска организација Центар од Македонски Центар за Граѓанско Образование (МЦГО) обезбеди бебешки кенгури како донација.

Посакуваме добро здравје и многу моменти исполнети со љубов и среќа.

< врати се назад