октомври 28, 2021

„Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“ – учиме преку практикување

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со активности во рамки на проектот „Без предрасуди во заштита од КОВИД-19“. На 28.10.2021 година се реализираа 3 едукации за вкупно 15 ученици од ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ во просториите на училиштето.

Темата која се опфати за време на едукацијата беше „Промоција на хигиена“, која, преку интеракција, им беше презентирана на учесниците. Мултимедијалната содржина, која можеа да ја следат преку таблет компјутерите за време на едукацијата, овозможи учениците полесно да ја совладаат темата.

За време на едукацијата, се обрна особено внимание на секојдневните навики во личната хигиена, но и како да ја запазиме хигиената во домот и при подготовка на храната.

Секој од учесниците доби ранче со хигиенски сет кој се состои од заштитни маски, ракавици, влажни марамчиња, течен сапун и средство за дезинфекција.

Исто така, сите едукатори добија ранчиња со хигиенски сет, како и Модул за обука за промоција на хигиена и заштита од КОВИД-19, на кој автори се Александар Стојаноски – Меѓународен тренер за промоција на хигиена во случај на катастрофи и кризни ситуации и Марија Узуновска – Дефектолог.

 

 

< врати се назад