октомври 15, 2021

„Биди херој во твоето училиште“ – екипата од ПСУ „Алгоритам Центар“ започна со обуките по прва помош

Под мотото „Биди херој во твоето училиште“ ги започнуваме активностите во областа на Првата помош во ПСУ „Алгоритам Центар“. Првата обука, од планираните три, се реализираше на 15.10.2021 година во периодот од 11 до 12:30 часот. Екипата, која е составена од вкупно 6 ученици од втора, трета и четврта година, се запозна со основите на првата помош, при што, освен теоретско запознавање, имаше прилика и за практична вежба.
 
Ваквиот тип на обуки ќе се спроведат во сите средни училишта на територија на општина Центар. Целта на овие обуки е во сите училишта да се формираат обучени екипи по прва помош кои, во секое време, ќе бидат подготвени да укажат прва помош доколку тоа биде потребно.
< врати се назад