
октомври 22, 2021
„Биди херој во твоето училиште“ – екипата од СУГС „Јосип Броз – Тито“ започна со обуките по прва помош
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар продолжува со активностите во областа на Првата помош под мотото „Биди херој во твоето училиште“. Првата обука, од предвидените три, на екипата од СУГС „Јосип Броз – Тито“ се реализираше во ДХО „Даре Џамбаз“ на 22.10.2021 година во периодот од 11 до 12:30 часот.
Со обуките по прва помош се веќе опфатени три средни училишта на територија на општина Центар, а во наредниот период продолжуваме и со останатите четири средни училишта. Првата помош, како животоспасувачка вештина, е од суштинско значење. Токму поради тоа, Црвениот крст обрнува големо внимание на нејзина промоција и нејзино практицирање.