
ноември 11, 2021
„Биди херој во твоето училиште“ – учениците од ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“ со леснотија ја совладуваат првата помош
Екипите продолжуваат со огромен интерес да се обучуваат во областа на првата помош. На ден 11.11.2021 во периодот од 10 до 11 часот, екипата по прва помош од ДМБУЦ „Илија Николовски – ЛУЈ“ ја заврши втората обука, од вкупно три предвидени. Со втората обука се опфатија начините на санирање повреди како што се скршеници, изгореници, обилно крварење и слично.
Продолжуваме со обуките и во претстојниот период.




