
март 15, 2022
БИДИ СРЦЕВИНА, БИДИ ХЕРОЈ!
Црвен крст на Република Северна Македонија традиционално секоја година во периодот од 1-ви до 8-ми март ја одбележува Неделата на борба против рак.
Општинска организација Центар, по тој повод, во соработка со Македонски дарителски регистар за коскена срцевина (МКДРКС), Институт за Имунобиологија и Хумана генетика, Универзитетско Студентско Собрание (УСС) и ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија, на 15.03.2022 година во периодот од 11 до 13 часот организираше настан на платото на кампусот на УКИМ каде секој заинтересиран имаше можност да се пријави во Регистарот за донори на коскена срцевина. Бројот на пријавени потенцијални донори на коскена срцевина за време на двочасовната активност беше 21, на што сме навистина горди.
Станува збор за едноставна процедура, која во првиот момент се состои од само два чекори: пополнување прашалник и земање крв за анализа. За целата процедура можете да се информирате на: https://www.facebook.com/macedonianbonemarrowdonorregistry
Во Република Северна Македонија, регистарот брои околу 5000 членови, а целта на оваа активност е подигнување на свеста за важноста на ваквиот регистар бидејќи е начин на спасување нечиј живот.








