декември 2, 2019

Болести на зависности

Во рамките на месецот на болести на зависности, месец ноември, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе неколку едукации на тема болести на зависности. На ден 27.11.2019 во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ се одржаа три едукации и на истите учествуваа 50 ученици. Теми за коишто најмногу се дискутираше за време на едукацијата беа алкохолизмот и дрогите. Едукацијата беше од интерактивен карактер и учениците покажаа голем интерес за време на истата.

< врати се назад