
декември 12, 2024
“Борба против гладта” во соработка со Комерцијална банка А.Д. Скопје
По повод кампањата за “Борба против гладта” Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе собирна акција заедно со вработените на Комерцијална банка А.Д. Скопје.
Вработените на банката ја покажаа својата општествена одговорност и донираа прехрамбени продукти и хигиенски средства со кои се изготвија 40 семејни пакети, кои беа дистрибуирани на лица од семејства во социјален ризик.
Сакаме да изразиме голема благодарност до вработените на Комерцијална банка А.Д. Скопје, за хуманоста и алтруизмот кои го покажаа за време на кампањата.





