декември 12, 2024

“Борба против гладта” во соработка со Стопанска банка А.Д. Скопје

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар спроведе собирна акција заедно со вработените на Стопанска банка А.Д. Скопје по повод Кампања “Борба против гладта”

Вработените на банката ја покажаа својата несебичност и добротворност преку донација на прехрамбени продукти и хигиенски средства со кои се изготвија 30 семејни пакети, кои беа дистрибуирани на лица од семејства во социјален ризик на територија на Општина Центар.

Со оваа објава сакаме да изразиме голема благодарност до вработените на Стопанска банка А.Д. Скопје, за подршката и помош при дистрибуција за време на кампањата.

< врати се назад