март 30, 2015

Часот на планетата Земја 2015

Климатските промени се голем фактор кој предизвикува големи природни катастрофи. За подигнување на свеста и континуирана борба против климатските промени, Црвен крст на Република Македонија преку своите општински организации зема учество во акцијата Часот на Планетата Земја. На 28.03.15 со почеток во 20:30 часот, на ул.Македонија се одржа централниот настан со кој се одбележа Часот на планетата Земја 2015.


Клубот на Млади на ООЦК Центар заедно со младинците од Клубот на Млади на ЦКГС беа дел од овој настан и ја поддржаа акцијата, преку симболично палење на свеки за рационално користење на енергијата и употреба на еко пријателски извори на енергија. Во подготовките на акцијата младите од Клубот на Млади беа вклучени и во медиумската кампања и нивните пораки беа прикажувани на сите медиуми во Македонија.

#EarthHourMK #ТвојатаМоќ
www.earthhourmk.org

< врати се назад