
март 8, 2021
Честит 8-ми Март!
Денес го одбележуваме 8-ми март, Меѓународниот ден на жената и на овој ден ѝ оддаваме почит на секоја жена.
Волонтерите од Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на жените низ центарот на градот им поделија честитки кои беа изработени од страна на нашиот драг и долгогодишен член Жаклина Мучева. Иако под маски, можеа да се забележат насмевките на лицата на дамите во моментот кога волонтерите им го честитаа празникот и им подарија по една честитка.
Почитувајте ја и честитајте ѝ го денешниот ден на секоја жена и направете ѝ го денот уште поубав и повесел.









