септември 25, 2023

Четврто место на Државен натпревар по прва помош

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Центар зема учество на 29-тиот Државен натпревар по Прва помош кој се одржа во Велес на 23.09.2023 година.

Горди сме што екипата на Центар, кои се ученици во Средното медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ го освоија четвртото место од вкупно 30 натпреварувачки екипи! Честитки до екипата и до нивните ментори кои ги подготвуваа за овој натпревар!

Продолжуваме да нижиме успеси и да ја промовираме првата помош.

   

< врати се назад