
декември 27, 2019
Членовите на Општинска организација Центар, со донација за Клиниката за детски болести во Скопје
Општинска организација Центар веќе долги години има одлична соработка со Клиниката за детски болести преку реализација на активности и проекти. Како завршница на оваа година, членовите од Општинската организација Центар со средствата од членарината за 2019 година обезбедија 50 памучни јоргани за дечињата корисници на Клиниката и пелени за дечињата на Одделот за интензивна нега. Општинска организација Центар, како и досега, ќе продолжи и во новата година да се грижи и да дава поддршка секаде кадешто е потребна.