декември 8, 2014

ЦКА-ПХВ дисеминација за циклус 2015

На 5.02.2015 година во просториите на ДХО Даре Џамбаз се одржа првиот дел од обуката за ЦКА-ПХВ циклусот во 2015 година, дисеминацијата за новите млади волонтери на ООЦК Центар кои ќе ги изработуваат малите проекти. Дисеминацијата беше одржана од страна на ЦКА – ПХВ дисеминаторот, Софија Стојановска, со помош на 3 волонтери од Клубот на Млади, Татјана Димова, Јелена Владановиќ и Теодора Ѓоргиева. Се помина во најдобар ред, а учесниците на крајот си заминаа со повеќе знаења за Црвениот крст. На обуката присуствуваа 39 младинци.

< врати се назад