септември 2, 2019

ЦКА-ПХВ – Повод за заедничко дружење

Општинската организација Центар во соработка со Општинската организација Куманово на ден 31.08.2019 организираа заеднички ЦКА-ПХВ излет. Целта на излетот беше двете општински организации да ги споделат своите искуства, мислења и ставови поврзани со проектите коишто ги направија во текот на ЦКА-ПХВ циклусот.

Имено, излетот беше организиран во паркот “Спомен Костурница“ во Куманово кадешто се спроведоа сите планирани активности според агендата којашто содржеше игри за запознавање, предвиден период за споделување искуства во однос на ЦКА-ПХВ проектите и други активности. Неколкучасовната дружба ги мотивираше двете општински организации и понатаму да продолжат да ја продлабочуваат соработката. 

  

< врати се назад