
октомври 10, 2019
„Clean up the mountain“
Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Центар на 05.10.2019 учествуваше на акција „Clean up the mountain“ во организација на Извиднички Поречански Одред „Јадран“. На оваа акција се исчистија повеќе депонии на просторот од бригадирската населба во с. Катланово до извидничкиот дом во Катлановска Брезица. Општинска организација Центар учествуваше со медицинска и логистичка поддршка на акцијата. Акцијата беше мошне успешна и се отстранија 52 метри кубни отпад.