Цртање на просториите во Дневниот центар за деца со посебни потреби
На ден 28.10.2011 година како дел од активностите од Акциониот план за деца со посебни потреби 2010/ 2011 година беше спроведено украсување на дневниот центар за деца со посебни потреби ,, Ѕуница ‘’ од страна на волонтерите на Клуб на млади при ООЦК Прилеп.
Со купените бои, волонтерите на Црвен крст Прилеп нацртаа прекрасни пејзажи на ѕидовите во ходникот на центарот со што се доби една попријатна и весела атмосфера. Дечињата многу се израдуваа на новиот лик на центарот и дури и тие беа вклучени во украсувањето затоа што нивната желба беше огромна. Во наредниот период продолжува спроведувањето на останатите активности предвидени со Акциониот план. Целата оваа соработка до сега резултира со создавање на еден весел и пријатен однос помеѓу штитениците на центарот и волонтерите на Црвен крст со што се овозможува една непречена социјализација на децата.