октомври 20, 2021

„Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците“

Во рамките на проектот за градење на капацитетите за зголемување на капацитети за следење и комуникација за КОВИД-19 на Црвениот крст на Република Северна Mакедонија во соработка со Институтот за јавно здравје и регионалната кацеларија на СЗО за Европа, Општинска организација Центар дистрибуираше информативен и едукативен материјал во образовните институции на територија на општина Центар под наслов „Да ги зачуваме училиштата безбедни, со цел да се спречи ширење на КОВИД-19 меѓу учениците“. Преку оваа активност, учениците ќе се информираат повеќе за безбедноста во училиштата и начините на превенција од Ковид-19.

 

 

< врати се назад