
март 2, 2022
Да го започнеме месец март со радост и среќа
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар, на првиот ден од месец март во периодот од 15 до 20 часот во Веро Центар, реализираше активности за подарување на мартинки – симбол за живот и среќа. Со секоја донација, секој си бира мартинка по желба.
Мартинките се ставаат на рака на првиот ден од месец март и се носат до појавата на првото процветано дрво, на првиот виден штрк или до здогледување на првата ластовица.
Собраните средства од оваа активност ќе бидат наменети за детенце кое боледува од церебрална парализа и има потреба од парични средства за медицинска терапија.



