Да го заштитиме здравјето на вработените во услови на топлотен бран!
КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЧНИ ЗАШТИТНИ СРЕДСТВА
Работната облека од лесна порозна ткаенина(од природни влакна, светла боја, памук, лен), а при работа на отворен простор – очила и капи. Отстранување на облека која го смалува потењето. Менување на облеката при зналајно потење.
ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВА ПОМОШ НА РАБОТНОТО МЕСТО
Препознавање на симптоми за топлотно исцрпување или топлотен удар(ицрпеност, слабост, замор, главоболки, несвестица, бледило, вртоглавица, повраќање, вознемиреност, конфузија, колапс, конвузлии, шок) Самопријавување на симптомите, грижа за колегите(будност за појава на симптоми) Оние кои што имаат вакви симптоми не смее да се дозволи да одат дома додека не се стабилизираат(најголемиот број на смртни случаи од топлотен удар се случуваат на пат за дома)
ДАВАЊЕ НА ПРВА ПОМОШ
Ако лицето на кое помагате има топла и сува кожа, грчеви и/или е во бесознание веднаш повикајте 194; Додека се чека итната медицинска помош префрлете го на студено место и ставете го во хоризонтална положба, подигнете ги нозете и колковите;Отстранете ја гардеробата, воспоставете надворешно ладење како студени облоги на вратот, пазувата и слабините, постојано ладете го и прскајте ја кожата со вода; Мерете ја телесната температура. Не давајте терапија; Ако особата е во бесознание поставете ја на страна.
Вонредни превентивни прегледи
Специјалистот по медицина на труд ги изведува вонредните превентивни прегледи за вулнерабилните групи работници: постари работници, работници со прекумерна телесна тежина, бремени жени, хрнични болни(кардиоваскуларни, ендокринолошки, репираторни бубрежни, хепатални, ЦНС, гастроинтестинални и др.). Потребен е индивидуален пристап на препораки и едукација како и консултации со избраниот лекар за аплицираната терапија или потребата од боледување.