Да ја прославиме прочка заедно
Хуманитарните активности на волонтерите во склоп на ПХВ програмата која се реализира во ООЦК Прилеп се со зачестена фреквенција во овој период, при што во овие активности се опфатени и различни целни групи. На 27.02.2014 година 4 волонтери го посетија Дневниот центар за деца со посебни потреби каде што заедно со децата изработуваа маски за претстојниот празник Прочка 2014 година. За време на овој празник се одржува и едниот од најголемите карневали во нашата земја ,,Прочка 2014’’ при што постои голема еуфорија меѓу граѓаните а најзабележлива е еуфоријата кај помалите.
Целта на изработката на маските заедно со децата со посебни потреби беше нивна социјализација и развивање на чувство на припадност кон другите. Децата на овој настан беа пресреќни што секој од нив ќе може да ја носи маската која ја изработил и ќе може да им ја покаже на другите. На оваа активност исто така се постигна и развивање на креативните способности кај оваа целна група.